2010/05/11

Ова е првиот меѓу-балкански собир на Mozilla заедниците од балканските земји. Сите ние имаме една цел, а тоа е ширењето на слободниот софтвер и Mozilla Манифестото.
Придружете ни се за цел ден исполнет со предавања, говори и работилници на разни теми, од запознавање на локалните заедници и нашите цели, до алатки за локализирање на слободен софтвер и девелопмент на додатоци за Firefox.
За секој има по нешто
На самиот настан ќе присуствуваат преставници од Mozilla заедниците од Македонија, Србија, Бугарија, Босна, Косово, Грција, Романија, Словенија, Хрватска и секако претставници од Mozilla HQ.
- Датум: 22 Мај 2010
- Локација: ФЕИТ Амфитеатар – Скопје
- Старт: 10:00
- Крај: 18:00
- Распоред: Тука
Доколку присуствувате, ве молиме да се регистирате на Facebook ивентот ако имате профил, или да ја пополните оваа форма ако немате, за да може да добиете бесплатен оброк и пиење за време на настанот.
No Comments » |
интернет, компјутери, технологија | Tagged: 2010, balkan, firefox, mozilla, балкан, скопје, феит |
Permalink
Posted by Јовановски
2010/04/02

Денес излезе нова надоградба за Firefox, 3.6.3.
Превземете ја најновата верзија од менито Помош (Help) -> Провери за надградби (Check for Updates), или пак симнете ја од официалната страна.
Повеќе околу надоградбата може да прочитате овде: http://www.mozilla.com/en-US/firefox/3.6.3/releasenotes/
Известување до сите корисници на Firefox 3.0:
3.0.19 е последната надоградба што ќе излезе за Firefox 3.0. Се молат сите корисници што побрзо да ја симнат најновата верзија од Firefox, 3.6, за да може да бидат во тек со најновите надоградби како и да се закрпат одредени безбедносни пропусти.
No Comments » |
интернет, компјутери, технологија | Tagged: 3.6, 3.6.3, firefox, mozilla |
Permalink
Posted by Јовановски
2010/03/25
Како што знаете сите, до сега Mozilla има оддржувано конференции низ целиот свет, а посебно во Европа, како MozCapm здружувањата за Mozill-ианците од сите краишта, или учество на други поголеми конференции како што се CeBit и FOSDEM.

Но сите овие „хепенинзи„ беа подалеку од Македонија и Балканот, што ги правеше прилично недостапни за нас. Но сето тоа ќе се смени, почнувајќи од Мај 2010.
Докажуваме дека важи изреката „Заедно сме посилни!„. Македонската Mozilla заедница заедно со Mozilla заедниците низ целиот балкан ќе започнат со организирање на конфиеренции низ Балканот, со цел да ја запознаат локалната публика со Mozilla, нашата активност и значењето на слободниот софтвер.
Првата средба ќе се оддржи токму во Македонија, и тоа на 22 Мај 2010 (Сабота). Сеуште немаме дефинирано локација, но голема веројатност е да се оддржува во амфитеатарот или некоја од бараките на ФЕИТ универзитетот.
На самиот настан ќе се држат предавања од водичите на локалните Mozilla заедници од Балканот и ќе се водат разни дискусии.
Понатаму секако ќе следуваат повеќе информации околу оваа средба, како што ќе ги подготвуваме идеите.
Доколку сакате да бидете подетално и побрзо информирани околу настаните поврзани со Mozilla Балкан:2010 ивентот, проследете го договарањето директно на wiki-то на Mozilla: https://wiki.mozilla.org/Balkans:2010
Доколку некој од вас е заинтересиран да биде дел од овие предавања, нека испрати емаил порака на jovanovski@mozilla.mk и ќе бидеме во контакт и понатаму во врска со настанот.
Настанот е организиран од страна на членовите на MozillaМК, Слободен Софтвер Македонија и Mozilla Europe.
No Comments » |
интернет, компјутери, локално, технологија | Tagged: firefox, mozilla, македонија, скопје, собир |
Permalink
Posted by Јовановски
2010/01/21
Firefox 3.6 малку подзакасни овој пат, но што да се прави, пола саат чекавме петка али никако да дојде
Како што викаат во светот на славните, „фенси е да касниш„. Но тоа не е се што е фенси за 3.6 верзијата на Firefox… Со целосно нов систем за додавање теми познат како Personas, можете да го смените изгледот на Firefox во рок од неколку секунди. Имате избор со повеќе од 30.000 Personas од кои можете да бирате, и да ги нанесете само со еден клик без потреба да го рестартирате прелистувачот. Доколку имате идеа, можете да направите и Ваша Persona и да ја додадете во галеријата.
Покрај изгледот со темите, имa и уште многу новости во Firefox 3.6.
Како за дизајнери, има поддршка на CSS gradients како и WOFF (мали фонтови кои се интегрираат во сајтовите). Ова значи дека ќе може да ги дотерате Вашите страни уште поубаво, и ќе се вчитуваат побрзо од кога било.
Секако Firefox 3.6 е побрз од неговиот претходник Firefox 3.5 за 20%, додека тој беше 3 пати побрз од Firefox 3. Но се разбира дека и со поголема брзина мора да дојде поголема безбедност. Тука стапува во сила проверувачот на вашите плагини, кој детектира дали има нова верзија од нив и ви дозволува да ја симнете и инсталирате.
Но и веб девелоперите не беа заборавени ни малку. Сега може да додадете детекција на ориентацијата на копмјутерот во 3Д светот благодарение на новото API. Исто така можете да ги користите drag&drop функциите како и новото FileAPI во Вашите веб апликации.
За сите оние обожаватели кои сакаат да си го прилагодат нивното искуство на интернет (со преку 6000 додатоци и 30.000 Personas), Firefox 3.6 е за Вас! Превземете го од линковите на Вашата десна страна!
(благодарение до FuzzyFox кој помогна во составување на текстот)
Погледнете го видеото од Мајк Белтзнер за тоа што има ново во Firefox 3.6

No Comments » |
интернет, компјутери, технологија | Tagged: firefox, firefox 3.6, mozilla, personas |
Permalink
Posted by Јовановски