Добредојде за Firefox 8 и Thunderbird 8!

ноември 8th, 2011 by mozilla with No Comments »

Денес излегуваат нови верзии од Firefox и Thunderbird! Осмите верзии на Firefox и Thunderbird носат интересни новини, што накратко ќе ги наведеме во оваа пригода.

Вообичаено, повозбудлива е новата верзија на Firefox, отколку на Thunderbird.

main-feature-treasure

Firefox 8 доаѓа со интегриран пребарувач за Twitter, поголема контрола врз додатоците, нови можности околу вчитувањето на јазичињата, нови можности поврзани со WebGL, како што е новината за безбедно вчитување на текстури со помош на WebGL и голем број на ситни подобрувања, што овозможуваат Firefox да работи подобро со секоја наредна верзија.

Со осмата верзија, во Firefox конечно е оневозможено автоматското инсталирање на додатоци во позадина, без дозвола на корисникот. Значи, нема повеќе изненадувања и непознати додатоци во листата, за кои не сте свесни како успеале да се провлечат.

Истиот механизам за заштита од несакани додатоци, доаѓа и во Thunderbird 8. Покрај стандардните „закрпувања“ и неколкуте ситни измени во корисничката околина, Thunderbird 8 доаѓа и со подобрувања во однос на прилозите на е-пораките.

Официјалната објава на Firefox 8 и Thunderbird 8 се очекува денес, по 16 часот, по локално време. Сепак, ако сте нетрпеливи, Firefox 8 можете да го преземете уште веднаш!

Објавени седмите верзии од Firefox и Thunderbird

септември 27th, 2011 by mozilla with No Comments »

Денес, на 27 септември 2011 година, нешто пред 18 часот, беше објавено долго-очекуваното седмо издание на Firefox. Неколку часа подоцна, достапна стана и седмата верзија од Thunderbird.

Firefox 7 е специфично издание, затоа што решава неколку клучни проблеми поврзани со меморискиот менаџмент во Firefox. Firefox 7 троши до 50% помалку меморија! Понатаму, ново е тоа што Firefox 7 се синхонизира речиси инстантно на сите платформи, како и тоа што Firefox сега може да испраќа информации поврзани со брзината на работа до Mozilla и така да придонесе кон подобри идни верзии. Се разбира, испраќањето на тие информации ќе биде со одобрување на корисникот. Целосната листа на измени во Firefox 7 опфаќа 1242 поправки.

Нешто поскромно е изданието Thunderbird 7, но секако е добредојдено! Thunderbird сега работи на Mozilla Gecko 7, вклучува подобрувања во адресарот, нуди можност за печатење на збир од означени пораки, а покрај редовните надградби на корисничката околина, доаѓа и со неколку сигурносни подобрувања. Природно е да очекувате Thunderbird 7 да работи побрзо и помазно од претходните верзии. Така и е.

Честитки за новите изданија до заедницата на Mozilla и со нетрпение ги очекуваме осумките! :)

Копчиња за Mozilla Firefox сега и на македонски

јуни 18th, 2011 by mozilla with No Comments »

Како што твитна Гоце Митевски од денес достапни се копчињата / банерите за Firefox преведени на македонски.

Земете ги тука: http://www.mozilla.org/contribute/buttons/index.mk.html
за вашата веб страница.

Firefox 4 презентации и торта, среда, 13.04.2011 во Галерија 7 од 20.30 часот

април 10th, 2011 by mozilla with No Comments »

По повод објавувањето на Firefox 4 прелистувачот, македонската Mozilla заедница и Слободен софтвер Македонија, со голема помош од ЗКТ Компресор, организираат мала Firefox 4 забава во старата скопска чаршија.

На репертоар се планирани кратки презентации околу Firefox 4, дружење, забава и секако торта :)

Мапа до локацијата: http://maps.google.com/?ie=UTF8&ll=42.000853%2C21.438124&spn=0.001511%2C0.002411&t=h&z=19

Firefox 4 достапен (и на македонски)

март 22nd, 2011 by mozilla with No Comments »

Како што веќе цел интернет извести, од денес е достапна конечната верзија на прелистувачот за интернет на Mozilla – Firefox 4.

Изданието истовремено е достапно на македонски јазик, како и на албански, српски, грчки и бугарски јазик или вкупно на преку 70 јазици.

fx4

Деновиве македонскиот тим за локализација ќе слави и 8 години успешно преведување на Firefox. Почнавме во веќе далечната 2003 година.

Голема благодарност до сите што помогнаа во преведувањето!

Оваа година имаме уште една дополнителна причина за фалење: Постерот на Гоце Митевски наиде на широко прифање и ќе биде користен во разните промотивни настани за Firefox 4 низ светот.

Објавувањето на новиот Firefox ќе го одбележиме со торта на 13 април за што повеќе информации ќе има (дополнително) на овој блог.

Промовирање на мобилниот Firefox

декември 7th, 2010 by mozilla with No Comments »

Со цел промовирање на мобилните верзии на Firefox, Mozilla спроведува „наградна игра“.

Секој ден испраќаат пакет со горнава маичка до среќниот испраќач на поштенска картичка (обична пошта).

Со испраќање на разгледница по пошта добивате пакетче со лепанки, копчиња и слично. Повеќе на http://www.mozilla.com/en-US/mobile/beta/gomobile/.

Адресите се:

Mozilla
650 Castro Street
Suite 300
Mountain View, CA 94041-2021
USA

Mozilla
28 Boulevard Poissonnière
75009 Paris
France

Превод на 20-те најчитани документи на support.mozilla.com

декември 5th, 2010 by mozilla with No Comments »

Кадир Топал од тимот на Сумо (support.mozilla.com) ни покажа интересна статистика за посетеноста на ова мрежно место од Firefox локализиран на македонски. Неделно на страниците на Сумо доаѓаат 16.000 сурфери.

Истовремено, речиси 80% од сите корисници – од сите јазици – што го посетуваат ова место, помошта ја наоѓаат во 20 статии.

Тоа значи дека доколку македонската заедница ги преведе овие 20 текстови за помош при употребата на Firefox, речиси 13.000 луѓе ќе добијат поддршка за овој прелистувач на македонски јазик.

Против бројки не се може. :-)

Mozilla Balkans Љубљана

декември 4th, 2010 by mozilla with No Comments »

Настанот – средба на балканските заедници на Мозила – поточно на нивни претставници, се случува моментално во хаклабот Киберпипа во Љубљана – Словенија.

Киберпипа е одлично место, со ресурси кои не верувам дека сме ги виделе некаде во јавно место во Македонија.

Киберпипа 4

Темите на собиров се прилично познати за секој што е во тек со проектите на Мозила, а бидејќи ова ми е трет настан поврзан со Мозила, изгледа можам да речам дека повторувањето е мајка на знаењето. :-)

Мозилијанците

Но, за да не биде досаден овој текст, еве неколку линкови до новите демоа за Фајрфокс:
http://hacks.mozilla.org/2010/08/html5-video-buffered-property-available-in-firefox-4/
http://www.nihilogic.dk/labs/pocket_full_of_html5/#presets/mario.js
http://demos.hacks.mozilla.org/openweb/WARMCSS/
http://demos.hacks.mozilla.org/openweb/LONDONPROJECT/
http://demos.hacks.mozilla.org/openweb/CSSMAKESUSICK/

Mozilla Balkans – Љубљана 4-5.12.2010

декември 2nd, 2010 by mozilla with No Comments »

Собирот на балканските заедници на Mozilla се случува по втор пат оваа година, овој пат во Љубљана – Словенија.

Дводневниот настан што ќе се случува во Киберпипа, ќе ги обедини волонтерите од локалните заедници со претставниците на Мозила Европа.

Работилниците што ќе се случуваат ќе покријат теми како локализација, поддршка на корисници и Drumbeat. За целиот распоред следете ја оваа врска.

Македонската заедница ќе ја претставуваат Горјан Јовановски и Новица Наков – и се надеваме дека ќе најдеме време да пишуваме повеќе од настанот.

Firefox 4 beta на македонски

октомври 12th, 2010 by mozilla with No Comments »

Вашите верни преведувачи известуваат дека Mozilla Firefox 4 beta 8 е достапен на македонски јазик.

Може да го преземете од серверите на Mozilla.

кликни за повеќе детали

За оние кои се ентузијасти и се спремни да тестираат и експериментираат со бетата, молиме да ја преземете, инсталирате и да ни пишете доколку пронајдете грешки, нелогичности и други проблеми во преводот.

Излезе Firefox 3.6.4

јуни 23rd, 2010 by mozilla with No Comments »

Вчера излезе најновата 3.6.4 верзија од прелистувачот Firefox. Ова е верзија која поправа грешки и затвора сигурносни дупки.

Најважно и најново Firefox носи можност за заштита од уривање (crash) на апликацијата кога тоа ќе то предизвика додаток од друг произведуват.

Од блогот на Мозила:

At this time Firefox offers crash protection for Adobe Flash, Apple Quicktime and Microsoft Silverlight on Windows and Linux computers. Support for other plugins and operating systems will become available in a future Firefox release.

firefox crash

Оваа нова можност значи дека кога додатокот ќе заглави или укочи поради некоја флеш игра или видео, нема да биде потребно да се гаси или рестартира целиот прелистувач.

Уживајте во новите можности.

Mozilla Балкан:2010 – Скопје

мај 11th, 2010 by Јовановски with No Comments »

Ова е првиот меѓу-балкански собир на Mozilla заедниците од балканските земји. Сите ние имаме една цел, а тоа е ширењето на слободниот софтвер и Mozilla Манифестото.
Придружете ни се за цел ден исполнет со предавања, говори и работилници на разни теми, од запознавање на локалните заедници и нашите цели, до алатки за локализирање на слободен софтвер и девелопмент на додатоци за Firefox.
За секој има по нешто :)

На самиот настан ќе присуствуваат преставници од Mozilla заедниците од Македонија, Србија, Бугарија, Босна, Косово, Грција, Романија, Словенија, Хрватска и секако претставници од Mozilla HQ.

  • Датум: 22 Мај 2010
  • Локација: ФЕИТ Амфитеатар – Скопје
  • Старт: 10:00
  • Крај: 18:00
  • Распоред: Тука

Доколку присуствувате, ве молиме да се регистирате на Facebook ивентот ако имате профил, или да ја пополните оваа форма ако немате, за да може да добиете бесплатен оброк и пиење за време на настанот.

Firefox 3.6.3

април 2nd, 2010 by Јовановски with No Comments »

Денес излезе нова надоградба за Firefox, 3.6.3.

Превземете ја најновата верзија од менито Помош (Help) -> Провери за надградби (Check for Updates), или пак симнете ја од официалната страна.

Повеќе околу надоградбата може да прочитате овде: http://www.mozilla.com/en-US/firefox/3.6.3/releasenotes/

Известување до сите корисници на Firefox 3.0:

3.0.19 е последната надоградба што ќе излезе за Firefox 3.0. Се молат сите корисници што побрзо да ја симнат најновата верзија од Firefox, 3.6, за да може да бидат во тек со најновите надоградби како и да се закрпат одредени безбедносни пропусти.

Mozilla Балкан:2010

март 25th, 2010 by Јовановски with No Comments »

Како што знаете сите, до сега Mozilla има оддржувано конференции низ целиот свет, а посебно во Европа, како MozCapm здружувањата за Mozill-ианците од сите краишта, или учество на други поголеми конференции како што се CeBit и FOSDEM.

Но сите овие „хепенинзи„ беа подалеку од Македонија и Балканот, што ги правеше прилично недостапни за нас. Но сето тоа ќе се смени, почнувајќи од Мај 2010.

Докажуваме дека важи изреката „Заедно сме посилни!„. Македонската Mozilla заедница заедно со Mozilla заедниците низ целиот балкан ќе започнат со организирање на конфиеренции низ Балканот, со цел да ја запознаат локалната публика со Mozilla, нашата активност и значењето на слободниот софтвер.

Првата средба ќе се оддржи токму во Македонија, и тоа на 22 Мај 2010 (Сабота). Сеуште немаме дефинирано локација, но голема веројатност е да се оддржува во амфитеатарот или некоја од бараките на ФЕИТ универзитетот.

На самиот настан ќе се држат предавања од водичите на локалните Mozilla заедници од Балканот и ќе се водат разни дискусии.
Понатаму секако ќе следуваат повеќе информации околу оваа средба, како што ќе ги подготвуваме идеите.

Доколку сакате да бидете подетално и побрзо информирани околу настаните поврзани со Mozilla Балкан:2010 ивентот, проследете го договарањето директно на wiki-то на Mozilla: https://wiki.mozilla.org/Balkans:2010

Доколку некој од вас е заинтересиран да биде дел од овие предавања, нека испрати емаил порака на jovanovski@mozilla.mk и ќе бидеме во контакт и понатаму во врска со настанот.

Настанот е организиран од страна на членовите на MozillaМК, Слободен Софтвер Македонија и Mozilla Europe.

Излезе Firefox 3.6

јануари 21st, 2010 by Јовановски with No Comments »

Firefox 3.6 малку подзакасни овој пат, но што да се прави, пола саат чекавме петка али никако да дојде Како што викаат во светот на славните, „фенси е да касниш„. Но тоа не е се што е фенси за 3.6 верзијата на Firefox… Со целосно нов систем за додавање теми познат како Personas, можете да го смените изгледот на Firefox во рок од неколку секунди. Имате избор со повеќе од 30.000 Personas од кои можете да бирате, и да ги нанесете само со еден клик без потреба да го рестартирате прелистувачот. Доколку имате идеа, можете да направите и Ваша Persona и да ја додадете во галеријата.
Покрај изгледот со темите, имa и уште многу новости во Firefox 3.6.
Како за дизајнери, има поддршка на CSS gradients како и WOFF (мали фонтови кои се интегрираат во сајтовите). Ова значи дека ќе може да ги дотерате Вашите страни уште поубаво, и ќе се вчитуваат побрзо од кога било.

Секако Firefox 3.6 е побрз од неговиот претходник Firefox 3.5 за 20%, додека тој беше 3 пати побрз од Firefox 3. Но се разбира дека и со поголема брзина мора да дојде поголема безбедност. Тука стапува во сила проверувачот на вашите плагини, кој детектира дали има нова верзија од нив и ви дозволува да ја симнете и инсталирате.

Но и веб девелоперите не беа заборавени ни малку. Сега може да додадете детекција на ориентацијата на копмјутерот во 3Д светот благодарение на новото API. Исто така можете да ги користите drag&drop функциите како и новото FileAPI во Вашите веб апликации.
За сите оние обожаватели кои сакаат да си го прилагодат нивното искуство на интернет (со преку 6000 додатоци и 30.000 Personas), Firefox 3.6 е за Вас! Превземете го од линковите на Вашата десна страна!

(благодарение до FuzzyFox кој помогна во составување на текстот)

Погледнете го видеото од Мајк Белтзнер за тоа што има ново во Firefox 3.6

YouTube Preview Image